Фото: Роjтерс

Масовно тестирање на ученици и учители во Грција, за да започнат со настава од понеделник.

Се отвораат и трговските објекти, но при почитување на строгите услови за пазарување.

Само во сабота и недела грците можат да ја напуштаат областа на живеење.

Продолжува вакцинирањето во Грција со ʺАстраЗенекаʺ на лица на возраст над 30 години, одлучи Националниот совет за имунизирање против Ковид-19. Тоа е становиштето на епидемиолозите по разгледување на единичните случаи на несакани ефекти по имунизирање.

Во Грција, продолжува кампањата за масовно тестирање на населението. На ред се средношколците и наставниците, кои во понеделник ќе се вратат во училниците.

Услов за присуство на учениците е писмено уверение од родителите дека детето е тестирано и резултатот е негативен.

Секој понеделник и четврток учениците ќе се тестираат задолжително, нареди министерот за образование. Тестовите се бесплатни и се добиваат од аптеките.

Засега само градот Кожани остана со целосна забрана за отворање на трговските објекти.

Од понеделник во областите Солун и Ахаја се отвораат продавниците, по протестите на трговците, но клиентите ќе ја нарачуваат стоката преку Интернет и ќе ја примаат на влезот од продавницата. Во областите со добра епидемиолошка слика, одреден број клиенти се дозволени во продажните места, според големината на продавницата.

Властите дозволија од денес и само за викендите напуштање на општината, но не и на областа. Вечерниот час останува.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO