Во рамки на последното деноноќие во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.000 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид 19.

Според информациите на Министерството за здравство,  вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ во Скопје имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени  пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO