Американската амбасада во Скопје потврди дека работела заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР) и дала техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ Македонија. Во полициската акција е уапсен е командирот на полициската станица Прилеп Кире Спиркоски.

ʺВо овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка“, велат од Американската амбасада во Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO