
Фото: Роjтерс
Јужна Кореја денес го пoкажа првиот прототип на борбениот авион КФ-Х, што го разработува со Индонезија, во услови на неизвесноста за идната улога на Џакарта во проектот, пренесе Ројтерс.
Машината од следното поколение, разработувана од Korea Aerospace Industries (KAI), има за цел да биде поевтина алтернатива на американските Ф-35 на кои смета Сеул.
Планот е евентуално да бидат заменети повеќето од постарите борбени авиони на Јужна Кореја, како и производство за извоз.
Првите летови се планираат за 2022 година
