Фото: Роjтерс

Централната изборна комисија на Бугарија излезе со решение по полноќ за бројот на мандатите во новиот парламент.

Коалицијата ГЕРБ-СДС ќе има 75 пратеници или 20 помалку отколку по претходните избори. Со своето прво излегување на избори, партијата на Слави Трифонов освои 51 место во парламентот.

БСП ќе има 43 пратеници, наспроти 80 во минатото Народно собрание. Од партиите во претходниот парламент, само ДПС ќе има повеќе пратеници – 30, или со 4 повеќе.

ʺДемократска Бугарија“ влегува со 27 претставници во Народното собрание, а Коалицијата ʺИсправи се! Мафија надвор!“ ќе има 14 пратеници.

Оние кои гласаа на парламентарните избори за ГЕРБ – СДС се 26,18%. ʺИма таков народ“ – 17,66%, БСП остварува поддршка од 15,01%, за Движењето за права и слободи гласаа 10,51%. Коалицијата ʺДемократска Бугарија“ има 9,45%, коалицијата ʺ Исправи се! Мафија надвор!“ постигна резултат од 4,72%.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO