Според Универзитетот ʺЏонс Хопкинсʺ, САД се најзасегнатата земја во светот од коронавирусот, со повеќе од 550.000 смртни случаи и скоро 31 милиони заболени. И покрај тоа, Белата куќа ја исклучува можноста да бидат барани задолжителни вакцинациски пасоши.

Задолжителни вакцинациски пасоши за Ковид-19 би ги нарушиле правата на граѓаните за заштита на личните податоци и според многумина ваквите активности би биле дискриминирачки.

САД изјавуваат дека нема да поддржат систем кој бара Американците да имаат таков сертификат.

Портпаролот на Белата куќа Џен Саки рече дека нема да има барање за федерална вакцинациска база на податоци и барање на федерално ниво за документ за задолжително вакцинирање.

На идејата за ваков сертификат жестоко се спротивставува и конзервативците, кои велат дека граѓанските слободи се изложени на ризик.

Републиканецот Рон ДеСантис, гувернер на Флорида, минатата недела забрани издавање на секаков вид на сертификати за вакцини, а во вторникот неговиот колега од Тексас, Грег Абот, исто така потпиша слична одредба со која се забранува на секоја организација финансирана од државата да бара документ за вакцинација.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO