Фото: Роjтерс

Војводата од Единбург, принцот Филип, почина на 99-годишна возраст, потврдија од Бакингемската палата.

Принцот починал во замокот Виндзор три недели откако заврши 28-дневен престој во болница поради инфекција и операција на срце.

Неговата смрт ја втурна нацијата и кралското семејство во жалост и става крај на неговиот брак со Елизабета, кралицата која го обожуваше уште како тинејџер, пишува британски ʺДејли меил“.

ʺТој беше мојата сила и остана таков сите овие години“, рече кралицата по повод нивната златна свадба во 1997 година, цитирана од весникот.

Принцот Филип е наследник на грчките и данските кралски семејства и е роден на 10 јуни 1921 година. Тој се ожени со идната кралица Елизабета на 20 ноември 1947 година. Филип служеше во Кралската морнарица и, оставајќи ги настрана своите амбиции за кариера, тој го докажа неговото чувство на должност да и служи на земјата преку стотици обврски секоја година, одбивајќи да престане да работи дури и во неговите 90-ти.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO