Одамна го изгубивме горивото во нашиот мотор за да го повлечеме Западен Балкан кон Европската унија. Ова го изјави Николај Крстев, новинар и аналитичар, во емисијата ʺВо развој“ со Делјан Петришки на Bloomberg TV Bulgaria.

ʺНие веќе не сме двигател на европските процеси во нашиот регион, го отстапивме тоа на многу други држави“, рече Крстев.

ʺБугарија денес стои во ложата и оддалеку ги набљудува процесите што се случуваат на Западен Балкан.

Тој посочи дека поради позицијата на Софија кон присоединувањето на Северна Македонија во ЕУ, земјата изгубила многу средства поврзани со инфраструктурата и деловните можности од претпристапните фондови на блокот.

ʺНашите источноевропски партнери како Чешка, Словачка и Унгарија донекаде се против нашата надворешна политика“, истакна Крстев.

ʺВо тивка изолација сме меѓу партнерите, тие не нè слушаат … Аргументите на Бугарија не стигнуваат до нивʺ.

Според аналитичарот, потребно е „да се направи гигантски чекор напред за да се стигне до враќање на договорот меѓу Софија и Скопје.“ Тој додаде дека загубата на позиции на Бугарија на Западен Балкан го зголемува српското влијание.

ʺИзлезе дека Србија се претвори во природниот лидер на Западен Балкан. Денес има поголема доверба во Србија отколку во Бугарија.“

Новинарот посочи дека Бугарија влегла во шема, која црта нови линии на поделба меѓу членките на НАТО, слична на онаа меѓу Грција и Турција.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO