Фото: Роjтерс

Денеска е ден за размислување пред утрешните парламентарни избори во Бугарија. Со закон се забранети политичката агитација и објавувањето на социолошки податоци за ставовите на гласачите. Портпаролот на ЦИК Димитар Димитров објасни:

ʺЗабраната е една и таа е општа – нема предизборни настани, да нема кампања. Денот започнува во 00:00 часот во сабота и трае до крајот на изборниот ден, кое е 20:00 часот за општиот случај во недела. Сигналите се испраќаат до ЦИК“ Доколку тие се од локална природа, ги упатуваме до РИК. Доколку имаат национална публика и ова се однесува главно на егзит полови, идентификуваме прекршувања и изрекуваме парични казни, Има забтрана да се даваат временски информации од егзит половии секакава пропратна информација, освен за дејноста што периодично ќе објавуваме на веб-страницата на ЦИК.“.

Денес изборната администрација продолжува да работи и да се подготвува за гласањето. Реонските изборни комисии им предаваат на избирачките места се што е потребно за денот на изборите.

Денот на размислување е работен за членовите на скоро 12.000 назначени избирачки комисии за реоните, како и за оние формирани надвор од земјата.

Следи опремување на избирачките места, каде што се монтираат апаратите за гласање во големите избирачкиместа со над 299 гласачи од техничарите на компанијата снабдувач.

Пред просториите се поставуваат информативни табли со кандидатските листи, телефоните за контакт со органите за спроведување на законот и со реонските комисии. Деловите за лица со попреченост, кои обично се наоѓаат на првиот кат во зграда, се обележани со стрелки.

Во натпреварот за пратеници се вклучени 6.895 кандидати номинирани од 30 партии и коалиции, а има и независни кандидати. Вкупниот број на гласачи е 6.732.316.

Избирачките места во кои ќе се гласа утре се нешто помалку од 12.000, а во скоро 9.400 од нив ќе може да се гласа машински.

Ќе бидат отворени и избирачки места во Ковид одделенијата во болниците во земјата.

Избирачките места во странство ќе бидат 465. Повеќето од нив се во Германија, Турција, САД и Велика Британија.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO