Во Грција размислуваат да ги тестираат сите ученици за коронавирус. Сопствениците на рестораните предупредуваат за банкрот на 20% од рестораните.

Во парламентот започнуваат дебати за здравствената и економската политика на владата.

Лекарите од грчкиот национален совет за борба со пандемијата предлагаат враќање во училиште од 12 април, со задолжително тестирање на учениците за Ковид најмалку еднаш неделно. За учителите, тестот е задолжителен. Дел од родителите, претежно на малите деца, соопштуваат дека не се согласуваат нивните деца често да бидат тестирани. Се очекува решение на министерот за образование.

Информација за последиците од пандемијата соопштуваат од Сојузот на сопствениците на рестораните. Околу 20% од рестораните нема да се отворат затоа што веќе банкротирале. Како резултат, 50.000 луѓе остануваат без работа.

Владата соопшти дека одвојува 350 милиони евра за помош на рестораните. Според опозицијата, оваа помош е достапна само за мал број компании.

На настојување на опозицијата, денеска во парламентот започнаа дебати за економската политика на владата на Киријакос Мицотакис, како и за ʺкритичната“ според опозициската СИРИЗА состојба на здравствениот систем и државните болници.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO