Фото: Роjтерс

Од 1-ви април, Кипар официјално се отвора кон туристичките пазари на над 65 држави, започнувајќи да применува нов протокол со кој се регулира влезот во земјата.

Според новата постапка, оние што пристигнуваат од овие дестинации нема да треба да се изолираат по слетувањето на островот, туку ќе презентираат еден или два негативни PCR-теста, во зависност од категоризацијата на државите.

Од денес, Кипар ја применува европската класификација на земјите во ʺзелена“, ʺпортокалова“ и ʺцрвена“ група, која се базира на состојбата со коронавирусот во секоја од нив.

Новиот протокол ја обезбедува потребната стабилност во планирањето на патувањата и ќе ни овозможи да ја обновиме туристичката индустрија, коментира кипарскиот заменик министер за туризам Саввас Пердиос.

Во новата листа, ефективна од денес, 15 трети земји, меѓу кои трите најголеми туристички пазари за Кипар – Велика Британија, Русија и Израел, се преместени од ʺсивата“ во ʺцрвената“ група. Така, силните ограничувања за нивните граѓани се укинати и тие можат да влегуваат во Кипар, презентирајќи два негативни PCR-теста – едниот пред летот и вториот по нивното пристигнување на островот.

Од денес, вакцинираните израелски граѓани можат да патуваат на островот без тестови, според билатералниот договор постигнат во февруари.

Кипар ќе ги извести руските власти дека е отворен за руски туристи, изјави заменик-министерот Пердиос.

Во ʺцрвената“ група е и Бугарија.

Се очекуваат значителни зголемувања на летовите кон и од Кипар, од околу 160 летови неделно во април на повеќе од 500 во јуни.

Од денес, воведено е олеснување за куипарците кои патуваат и оние кои живеат во земјата. Секој што поседува важечки сертификат за вакцинација против коронавирус, издаден од властите на островот, ќе биде ослободен од тестирање и обврска за самоизолација при пристигнувањето во Кипар, независно од која држава патуваат.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO