Фото: Роjтерс

Кина усвои радикална реформа на изборниот систем, соопштува БТА, повикувајќи се на новинската агенција Синхуа, која распострани кратка информација, во која се вели само дека претседателот Си Џинпинг го одобрил новото законодавство и ги потпишал соодветните укази.

Реформата беше наметната на Хонг Конг без да се побара мислење од неговиот парламент (Законодавниот совет) откако Постојаниот комитет на кинеското национално собрание (еднодомниот кинески парламент) едногласно гласаше за измените, кои потоа беа одобрени од кинескиот претседател, одбележува Франс Прес.

Измените предвидуваат зголемување на бројот на пратениците на парламентот во Хонг Конг од 70 на 90. Само 20 од нив ќе бидат избрани со гласање на избори, 40 ќе бидат назначени од орган со про-пекингска ориентација, а останатите 30 ќе бидат номинирани од општествени и професионални организации.

Досега половина од 70-те членови на парламентот во Хонг Конг (35) беа избирани на избори.

За да учествуваат на парламентарните избори во Хонг Конг, кандидатите за пратеници исто така ќе треба да добијат претходно одобрување од комисија во специјалниот административен регион во Кина.

Реформата драстично ќе го ограничи присуството на продемократското движење во поранешната британска колонија, а целта на кинеските власти е Хонг Конг, со население од 7,5 милиони жители, да биде управуван од ʺпатриоти“, пренесува АФП .

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO