Претседател на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на денешната лидерска средба со претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски, која ќе се одржи во 13 часот во Клубот на пратеници, во изјава за МИА напомена дека очекува да се изнајде заедничко решение за пописот.

ʺОчекувам да најдеме заеднички решенија за пописот да се спроведе непречено, со целосна заштита на здравјето на граѓаните и на попишувачите и истиот да го поддржи и ВМРО-ДПМНЕ.Одам да разговарам, да чујам став и да поттикнам да вложиме максимум за интересите на граѓанитеʺ, истакна Заев.

Тој нагласи дека останува отворен да разговараат и за прашања поврзани со работата на Собранието со цел да се отстранат сите блокади и да се обезбеди непречена работа во корист на народот, како и за темите поврзани со локалните избори наесен.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO