Фото: Роjтерс

Србија предлага бесплатна вакцинација против Ковид-19 и на странци, додека многу земји на Балканот и Европа страдаат од забавување на доставките и недоволни количества на вакцини, соопштува Ројтерс.

Во моментов земјата користи вакцини на ʺФајзер-Бионтех“, ʺАстраЗенека“, руската ʺСпутник V“ и кинеската ʺСинофарм“.

Според соопштенија на владата, склучените договори и овозможуваат на земјата да го заземе второто место по вакцинации во Европа по Велика Британија.

Според официјални податоци, во земјата со 7 милиони жители веќе се вакцинирани над 2 милиони луѓе, а од јануари Србија им донираше вакцини на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Северна Македонија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO