Со цел да се создаде симпатија кон одреден политичар и да се зголеми неговата популарност, веста што ја рецензираме ги дезинформира читателите за постапката за повлекување од употреба на еден учебник. Авторот на оваа вест, која побудува негативни чувства кај одредена националност во РСМ, имајќи предвид дека книгата е навредлива за Албанците, е свесен за овој факт, па затоа незаслужените атрибути целосно ги припишува на една личност, во случајов заменик-премиерот, Артан Груби.

Линк до оригиналниот напис: Груби го повлекува од употреба учебникот по Географија

Датум на објавување: 17.3.2021

Датум на рецензија: 18.3.2021

Рецензент: Ардит Рамадани

Напис што дезинформира за одредена цел

Груби го повлекува од употреба учебникот по Географија, е насловот на ВЕСТА ШТО ЈА РЕЦЕНЗИРАМЕ.

Авторот на оваа вест, со или без намера, ги упатил сите заслуги за повлекувањето од употреба на учебникот на еден политичар. На тој начин, авторот ја изманипулирал читателската публика дезинформирајќи ја.

Со ова, авторот, обидувајќи се да прикаже во позитивно светло даден политичар, прекршил еден од најважните новинарски принципи, а тоа е професионалната дистанца од политичките субјекти или политичарите.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, СЕ ВЕЛИ ВО ТОЧКА 14 ОД ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ.

Од сите институции (4) кои се одговорни за промена или повлекување на учебниците, ниту една од нив не е институцијата заменик-премиер или министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Учебникот е повлечен од употреба по одлуката на релевантната комисија, формирана од Министерството за образование и наука, да го реши овој проблем. Не од Артан Груби, како што тврди авторот на веста што ја рецензираме.

Покрај политичката пропаганда за одреден политичар, на оваа вест ѝ недостасуваат основните елементи врз кои треба да се гради една вест

Иако се работи за многу важна тема, очигледно е дека за авторот на оваа вест единствено важно било пропагирање преку насловот и поради тоа, тој целиот фокус на веста го става на наведениот политичар, а притоа на читателите не им ги дава основните информации.

Авторот на оваа вест нагласува дека станува збор за контроверзен учебник, сепак, не е јасен во тоа што го тврди.

Спорната книга по Географија е повлечена од употреба, пишува во веста што ја рецензираме.

Горенаведената реченица е единствената информација што е дадена за учебникот и притоа авторот на оваа вест не одговара на петте основни новинарски прашања што треба да ги содржи секоја вест, односно: Кој? Што? Каде? Како? Зошто?

Техниките за манипулација што ги користи овој автор

Авторот кој тврди дека вицепремиерот Артан Груби „го повлекол од употреба учебникот Географија на Македонија“, ја користи техниката за манипулација, т.н.„Лажна аналогија“ и тоа преку воспоставување врска помеѓу две неповрзани работи, како што се овластувањата на Груби за да повлече учебник од употреба.

Авторот, исто така, искористил Селективни докази, и тоа за да се „докаже“ дека овој политичар „повлекол учебник од употреба“ го искористил само постот на „Фејсбук“ на овој политичар, не информирајќи ги читателите за постапката низ која поминал овој учебник сè до неговото повлекување од употреба.

Авторот, исто така, ги искористил емоциите на читателите, имајќи предвид дека оваа тема е чувствителна и во вакви случаи очите на читателите се свртени кон медиумите и тие ги земаат здраво за готово речиси сите информации за емотивните теми.

На крајот, авторот ги занемарил сите основни податоци за темата за која решил да пишува. Затоа, читателите треба да бидат внимателни уште во моментот кога во насловот на веста ќе забележат „навивање“ на новинарот за одреден политичар.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO