Фото: Роjтерс

Најмалку 32 лица загинаа, а 66 се повредени во судир на два воза во близина на египетскиот град Тахта, пренесе АФП, повикувајќи се на податоци на Министерството за здравство.

Здравствените власти испратиле 36 амбулантни коли на местото на несреќата, а жртвите се во локалните болници, додаде Министерството, цитирано од Ројтерс. Фотографиите објавени во локалните медиуми покажуваат исфрлени вагони областа на воден канал.

Според извор од безбедносните сили, возовите не се движеле многу брзо за време на несреќата. Уништени се два вагона, а третиот се превртел.

Инцидентот се случил во провинцијата Сохаг, 460 километри јужно од главниот град Каиро. Ова е поредната сериозна железничка несреќа во Египет во последниве години, посочува Франс прес.

Египет има една од најстарите и најобемните железнички мрежи во регионот, одбележува Ројтерс.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO