
Опис: Спомените на бугарската просветителка Константина Александрова Попорушева за нејзиниот брат, легендарниот водач на ВМОРО и ВМРО Тодор Александров. Спомените ги обезбеди К. Васев, во превод на Благојче Бошковски.
“ Тодор е роден на 4 март, 1881 година во град Штип – маало Ново Село; Неговите родители мајка Марија Хаџијанева – потекнува од видно штипско семејство и татко Александар Попорушов, учител со татко свештеник поп Костадин, а дедо му бил архиерејски наместник во град Штип. Татко ни учителствувал во неколку македонски градови, но главно во родниот град Штип, во маалото „Ново Село“, каде колеги му биле Гоце Делчев и Даме Груев. Мајка ми раскажуваше, дека тие двајцата, а имено Гоце Делчев и Дамјан Груев доаѓале скоро секоја вечер кај нас дома и разговарале со татко ни цели часови. И кога макар за малку, влегувала мајка ми, тој и велел: “Марија, оди гледај ги децата, остави не сами“. Тие средби дале резултат, зашто на тој начин се основал комитет од граѓаните, кој започнал да го потпомага револуционерното ослободително движење во Македонија. Двајцата учители – Гоце Делчев и Дамјан Груев, кога ја привршиле својата работа, заминале за други градови, за да ја продолжат организаторската дејност. Наскоро после тоа и татко ни се разболел и починал.
Kога починал предвремено, на 48 годишна возраст, точно во најголемата сила за работа, тој остава седум сирачиња: шест ќерки и еден единствен син – Тодор. Ете во тоа семејство се родил и одгледал Тодор, кој е образец на семејството. Во домот најчесто се говори од Тодор за чесност, чест и родољубие. Како што растевме, неговите совети беа да сме чесни, да сме скромни и да ја пазиме честа на дедовците и прадедовците.
За адолесцентните години, особено кога отишол во пансион го знам следното: ми раскажуваше негов соученик (Игнат Мангров), дека бил многу воспитан другар и имал многу убав одност кон сите свои другари. Сепак еден ден српски пропагандатор (уште од тогаш бугарите во Македонија биле целна точка на србите и затоа се испраќале во цела Македонија такви пропагандатори, кои гледале со пари и опомени да ги привлечат бугарите од Македонија за нивната кауза). Тој пропагандатор, демне, кога сите учители и набљудувачи го напуштиле пансионот, влегува во дворот, ги собира сите ученици и почнува да им зборува, дека тие не се бугари, а срби. Сепак, ми расправи неговиот соученик Игнат Мангров, одеднаш како стрела се впушта Тодор против пропагандаторот и од каде што го зеде тој чадор, почна да му нанесува такви удари, што србинот не знае како да избега, гонет до надворешната врата.
Никогаш нема да го заборавам денот кога Тодор го напушти домот: еден ден, тој излезе од собата, облечен во четничка униформа и ја повика мајка ни да влезат во собата. Се разбира, јас како најмала, ги следев нејзините чекори. Ја покани мајка си да седне до него и и рече: “Мајко, по облеката гледаш, дека сум решил наполно да се посветам на народот и да работам нелегално во Македонското ослободително движење.“ Мајка ми го изгледа со мил поглед и му кажа, дека се надевала како вдовица тој да и помогне во одгледувањето на децата, но како што гледа, дека тој е сигурно решен, му вели, штом си го избрал тој пат, следи го, Бог да ти помогне во работата, голема и страшна, и Бог да те запази!“
Извор: Скенирана од оригинален примерок
Автор: Константина Александрова (1896-1985) е бугарска учителка и општественичка. Таа е сестра на водачот на ВМОРО и ВМРО Тодор Александров. Константина Александрова завршува во Бугарската женска гимназија во Солун во 1912 година, а потоа предавала во Струмица, Кочани, Горна Џумаја и Софија. Активно учествува во дејноста на македонските просветни друштва и е меѓу основачите на Македонскиот женски сојуз. По превратот на 9 септември 1944 година, со мотивот дека е ʺсестра на Тодор Александров“, таа е отпуштена од работа, подоцна уапсена и поминува две години во логорот Белене.
За да ја прочитате книгата кликнете ТУКА
Извор: Библиотека Струмски
