Премиерот Зоран Заев денеска ја потврди информацијата дека средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се одржи в понеделник во 13 часот.

ʺБез разлика кој ќе се најде во позиција или во опозиција, да продолжиме да работиме заедно, а преку заедништвото верувам дека ќе го дуплираме или триплираме успехот во државата. Од тој аспект ја прифатив и поканата на претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и договоривме синоќа да се видиме во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници, секако ќе разговараме за блокираните постапки. Вчера, беше даден сигнал дека тие може да се решаваат, рече Заев.

Вчера Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници.

ʺСтојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот“, рече Мицкоски во гостувањето во вестите на телевизијата Сител.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO