Фото: Роjтерс

„Северен поток 2“ ќе биде готов оваа година, изјави пред новинари во Берлин претседателот на Советот на директорите на ʺГаспромʺ, Виктор Зубков.

ʺГрадежните работи се изведуваат активно, останува уште многу малку, мислам дека работата е завршена околу 90-92 проценти“, уточни Зубков.

Проектот вклучува изградба на два цевководи со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно од рускиот брег преку Балтичко Море до Германија, одбележува РИА Новости.

Пред два дена, на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ќе воведат санкции доколку ʺСеверен поток 2“ продолжи да се гради.

ʺГасоводот ја дели Европа, изложувајќи ги Украина и Централна Европа на руски манипулации и мешање. Тие се против сопствените енергетски цели за безбедност на Европа. Ние ќе продолжиме да ја набљудуваме дејноста за завршување на гасоводот. И, доколку овие дејности продолжуваат, ќе воведеме соодветни санкции “, кажа американскиот државен секретар.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO