AstraZeneca ќе започне проучување во рана етапа, за да ја предостави својата вакцина против Covid-19, развиена во соработка со Оксфордскиот универзитет, како спреј за нос, соопштува денес Фајненшл тајмс.

Процесот може да започне веќе следната нседмица, бидејќи според финансиското издание, Универзитетот во Оксфорд веќе започнал да бара учесници за таквото проучување.

Се очекува во првата фаза од испитувањето, наменета за тестирање на безбедноста на овој вид вакцини, се очекува да учествуваат околу 30 учесници – здрави возрасни лица до 40-годишна возраст.

Идејата зад вакцината во форма на спреј за нос е дека е полесно да се применува и може значително да ја намали стапката на пренесување на Ковид-19, бидејќи вирусот поминува главно низ горниот респираторен тракт, посочуваат извори на „Фајненшл тајмс“, запознати со прашањето.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO