Еврокомесарот за проширувањето Оливер Вархеи, ги повика Северна Македонија и Бугарија да најдат решение за билатералниот спор.

Тој пред пленарната сала на Европскиот парламент изјави:

ʺВо овој преломен момент, ги охрабрувам Скопје и Софија да ги удвојат своите напори за наоѓање на заемно прифатливо решение за висечките билатерални прашања. Би сакал да го повторам повикот во вашиот извештај (б.а. веројатно се однесува на оној на Ќучук), апелирајќи и кон двете земји да дејствуваат конструктивно и да се воздржат од изјави или активности кои би можеле да ги поткопаат пошироките интереси на ЕУ “

Во Северна Македонија, се уште се дискриминира, секој што ќе се објави како Бугарин, изјави европратеникот од Европската народна партија, Андреј Ковачев.

ʺКолеги социјалисти и од зелените, ве молам, разбудете се и отворете ги очите“ – така им се обрати Ковачев на европратениците од двете групи, чии претставници внесоа амандмани против поведението на бугарската влада.

Претходно, известувачот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучиук, изрази надеж дека земјата ќе го возобнови конструктивниот дијалог со Бугарија. Пред пленарната сала, тој истакна дека имаме потреба од повеќе мостови, кои да не поврзуваат наместо од sидови, кои да не разделуваат:

ʺКога една доверба е нарушена, таа несомнено треба да биде вратена. И најдобриот начин за тоа е да се вратиме на темелите на договорот. Само тој ќе ни даде можност да нацртаме патна карта на регионот, кој неизбежно е поврзан со интеграцијата на сите земји во Европската унија “, кажа Ќучук.

ʺОт тоа ќе спечели регионалната соработка, со тоа ќе спечелат добрососедските односи, от дота ќе спечели и целата Европска унија“, додаде тој.

Во моментов европратениците разговараат за извештаите за напредокот на патот кон ЕУ на Србија, Косово, Албанија и Северна Македонија. Гласањето за нив се очекува денес.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO