Фото: Роjтерс

Грција денес одбележува 200 години од почетокот на ослободителната борба за независност при строго почитување на карантинот. Во Атина се одржа воена парада, иако пандемијата ги спречи повеќето планови за националниот празник.

Свеченостите за празникот започнаа со литургија за Благовештение.

Цела Грција е украсена со национални знамиња. Во Атина се одржува воена парада во присуство на официјални гости кои пристигнале од странство за празникот. На говорницата се претседателот на Кипар – Никос Анастасиадис, британскиот престолонаследник Чарлс и неговата сопруга Камила, рускиот премиер Михаил Мишустин.

Претседателот на Грција Катерина Сакеларопулу, во своето обраќање стави акцент на зачувување на демократијата:

ʺОсновните вредности и принципи на нашиот устав не се теоретски декларации или вежби на хартија. Тие се трансформирани во нашето уставно и демократско искуство против злоупотреба со власта“.

На прославите присуствуваа високи воени претставници на НАТО, како и шефови на дипломатските мисии во Атина.

Центарот на грчката престолнина се обезбедува од 4.000 полицајци и специјалци.

Претходно бугарскиот премиер Бојко Борисов го поздрави неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис по повод денешниот празник на Грција.

Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, испрати специјално обраќање до Грците:

ʺИмав чест да работам со толку многу грчки лидери. И сум исклучително горд да сум американскиот претседател, кој започнува уште двесте години блиска соработка и пријателство со Грција “.

Амблематични згради во светот денес се осветлени во боите на грчкото национално знаме.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO