Фото: Роjтерс

Светот треба да се нормализира до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, прогнозира Бил Гејтс во интервју за полскиот весник ʺГазета Виборчаʺ и TVN24, цитиранo од Ројтерс.

ʺОва е неверојатна трагедија“, kava коосновачот на ʺМајкрософт“ по повод пандемијата, додавајќи дека единствената добра вест е достапот до вакцините.

Од како беше откриен за прв пат на крајот на 2019 година, Ковид-19 засегна повеќе од 125 милиони луѓе ширум светот, одземајќи 2,7 милиони животи досега. Уште во 2015 година, Бил Гејтс предупреди дека може да се очекува ʺмногу заразен вирус, а не војна“ кој да предизвика смрт на милиони луѓе во следните неколку децении.

ʺДо крајот на 2022 година, треба да се вратиме во нормала благодарение на вакцините“, посочи Гејтс во интервју за полските медиуми.

Милјардерот Гејтс, кој се повлече од функцијата претседател на ʺМајкрософт“, во 2014 година, одвои преку неговата филантропска фондација ʺБил и Мелинда Гејтсʺ најмалку 1,75 милијарди долари за глобалниот одговор на пандемијата ʺКовид-19“ . Тоа вклучува поддршка за некои производители на вакцини, дијагностика и потенцијални третмани.

На пример, планот COVAX, поддржан од Светската здравствена организација (СЗО) и Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (ГАВИ), има за цел да обезбеди 2 милијарди дози вакцини за земјите со пониски доходи до крајот на 2021 година.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO