ʺОва е што се случува е крајно нефер однесување од Бугарија. Сметам дека е неочекувано, после проблемите и спорот со Грција“, изјави во ʺКликПлус“ на ТВ21 претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Според него, Република Северна Македонија не треба да потпаѓа на провокациите и да не возвраќа со ист речник како што го прават тоа бугарските власти.

ʺТаков луксуз не ни треба. Сепак, се солидаризирам со Македонците. Немаме друга алтернатива, оваа битка за идентитетот води преку НАТО и ЕУ. Доколку не ја добиеме битката, мислам дека следи асимилација на државата од Србија или Русија. Храброста е да направи компромис“, истакна Тачи, додавајќи дека после Грција, очекува спор со Србија поради автокефалноста на црквата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO