Фото: Роjтерс

ʺРусија се обидува да ги поткопа демократските институции, да се меша во внатрешната политика и да ја засили својата разузнавачка дејност“, кажа денес генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи ја шпионската афера објавена во Бугарија минатата недела.

Обвинителството на Бугарија обвини шест лица за споделување на тајни воени информации со Москва.

ʺВо Бугарија го набљудуваме моделот на поведението на Русија во последно“, кажа Столтенберг.

Тој додаде дека сојузниците во НАТО се солидарни со Бугарија.

ʺАлијансата целосно ги поддржува напорите на Бугарија да се бори против злонамерните активности на Русија“, кажа уште Јенс Столтенберг по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од пактот.

Како порака за солидарност, тој го наведе фактот дека земјите-членки работат заедно на зајакнување на разузнавањето, што се прави со споделување на разузнавачки информации.

Столтенберг потсети дека вчера разговарал за ова прашање во телефонски разговор со премиерот Бојко Борисов, а денес бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ги информирала своите колеги за оваа тема.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO