Фото: Роjтерс

Новорегистрираните случаи на заразени со коронавирус ширум светот се зголемиле за 8 проценти во текот на изминатата седмица, а смртноста е зголемена за 3 проценти, покажуваат податоците на Светската здравствена организација за последните 7 дена.

Новите случаи за овој период се над 3 милиони и 200 илјади, а починатите – над 60 илјади. Најзначителното зголемување во периодот од 15 до 21 март е регистрирано во Југоисточна Азија – раст од 49 проценти, следен од Западен Пацифик – 29 проценти и Европа – раст од 13 проценти.

Најмногу нови случаи минатата седмица се регистрирани во Бразил, САД, Индија, Франција, Италија, Полска, Турција, Германија, Украина, Чешка, Русија и Јордан.

ʺЗа жал, распостранувањето на инфекцијата се зголемува во повеќето европски земји, што доведува до зголемување на дневниот број на случаи (на заразување) и смртни случаи. Сметаме дека тенденцијата во текот на следните четири седмици ќе е раст на овие показатели. Можно е тоа да се промени доколку се забрза вакцинацијата, ако луѓето користат повеќе заштитни маски “, изјави директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге во интервју за ТАСС, кое е објавено денес.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO