Фото: Роjтерс

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, нагласил пред неговиот германски колега Хајко Маас дека САД се противат на изградбата на гасоводот ʺСеверен поток 2“. Ова го соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, цитиран од Ројтерс.

Американскиот државен секретар Ентони Бликен вчера изјави дека гасоводот ʺСеверен поток 2“, кој се гради од Русија до Германија, е против интересите на Европската унија и може да ја омаловажи Украина.

Германија се стреми да го заврши проектот и покрај противењето на САД, кои стравуваат дека Русија може да го користи гасоводот како инструмент за ослабување на земјите од ЕУ со зголемување на зависноста од Москва.

ʺПретседателот Бајден јасно изјави, дека го смета гасоводот како лоша идеја, лоша за Европа, лоша за САД и на крајот во спротивност со целите на ЕУ за нејзината безбедност“, изјави Блинкен на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO