Фото: Роjтерс

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен отворено и се закани на компанијата АстраЗенека со забрана за извоз на нејзината вакцина надвор од Европската унија поради намалувањето на договорените доставки на препаратот во земјите-членки, пренесе ТАСС.

ʺИмаме можност да го забраниме планираниот извоз. ʺОва е сигнал кон AstraZeneca: го исполнуваш својот договор со Европа пред да започнеш со испорака во други земји“, изјави Фон дер Лајан во денес публикуваното интервју за медиумската групација ʺFunke“.

И истакна дека во првиот квартал, компанијата доставила до ЕУ само 30% од договорените количини на вакцина против коронавирус.

Во исто време, претседателот на Европската комисија предупреди да не брза со планирањето на летните одмори со оглед на пандемијата од Ковид-19: ʺСè уште е рано да се водат дискусии за летото. Засега сме во многу комплицирана ситуација, се распострануваат поагресивни варијанти на коронавирусот, а во некои земји на ЕУ започнува трет бран “.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO