Европската комисија предложи создавање на „дигитален зелен сертификат“, кој да помогне за слободното движење во Европската унија за време на пандемијата.

Тоа ќе биде доказ дека носителот е вакциниран, има негативен резултат од PCR тест или се закрепнува од Ковид-19.

Земјите од ЕУ ќе можат да одлучат дали ќе дозволат слободно движење на луѓето доколку се имунизирани со вакцина, која нема дозвола за достап до пазарот на ЕУ. Меѓутоа, тие ќе бидат издвани на секој што е имунизиран, независно со каква вакцина.

Дигиталниот зелен сертификат, презентиран од Европската комисија треба да содржи информација за вакцинирање против Ковид-19, негативен резултат од тест или доказ за антитела произведени по болеста.

Од комисијата додаваат дека тоа ќе биде бесплатно, во дигитален или хартиен формат.

Сертификатот ќе вклучува QR-код, кој ќе ја гарантира неговата безбедност и автентичност, но нема да има лични податоци во него.

Комисијата ќе создаде портал за да може сите сертификати да бидат проверувани во ЕУ и како поддршка на земјите-членки за нивна техничка примена.

Од комисијата појаснуваат дека сертификатот е привремена мерка и ќе биде укинат штом Светската здравствена организација ја укине вонредната состојба поради Ковид 19.

За да стапи во сила, треба да биде одобрен од Европскиот парламент и Советот.

Претседателот на ЕК Урсула фон дер Лајен го опиша предложениот документ како ʺзаеднички пат кон постепено, безбедно и трајно повторно отворање“, бидејќи тој ќе докаже дали граѓанин на ЕУ или член на семејство е вакциниран, тестиран или закрепнат од коронавирус.

Фон дер Лајен исто така истакна дека сертификатот ќе биде прифатен од сите членки на блокот и ʺќе помогне за враќањето на слободата на патување“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO