Фото: Роjтерс

Бугарија и уште 5 земји-членки на ЕУ предлагаат компензациски механизам за распределување на вакцините против Ковид-19 во ЕУ врз база на глава на жител и со обезбедените дополнителни дози да бидат компензирани тие десетина држави кои имаат помалку вакцини. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по видео-конференциска средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

ʺВрз база на глава на жител и со новите 10 милиони плус четири од претходно на Pfizer / Biontech да бидат компензирани тие 10 држави кои располагаат со помали количетства на вакцини, повторувам, воопшто не е по наша вина. Ние настојуваме да се почитува решението на Европскиот совет. Само на овој начин можеме да го почитуваме европскиот принцип за солидарност “, коментира Борисов.

На видео средбата учествувале исто така и австрискиот канцелар и премиерите на Словенија, Хрватска, Латвија и Чешка.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO