Фото: Роjтерс

Сметам, дека Владимир Путин е убиец и наскоро ќе плати за насочување на обидите да повлијае во полза на Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година.

Ова го изјави Џо Бајден во интервју за телевизиската мрежа АБВ, емитувано во средата. На прашањето какви ќе бидат последиците, американскиот претседател одговори: ʺЌе видите наскоро“.

Неговите остри зборови доаѓаат еден ден по објавувањето на јавниот дел од извештајот на американското разузнавање, во кој се вели дека Путин најверојатно лично ја насочувал кампањата. Таа била делумно фокусирана на блиски до Трамп, за да ги натера да повториваат и распострануваат спорни тези и обвинувања (делумно оние за поврзаноста на Бајден со корупција во Украина) кои го оцрнуваат демократскиот кандидат.

Рускиот претседател ја надгледувал или најмалку го одобрил мешањето во корист на Трамп, се вели во текстот на 15 страници.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO