ʺПреку апликацијата за самопопишување заклучно до 8 часот, денеска се евидентирани 64.176 лица од дијаспората. Најмногу се попишани во Швајцарија околу 16.000 граѓани, што е една четвртина од очекуваните попишани лица. Во Германија имаме 10.000 попишани, а во Италија 6.000. Најслаб одзив имаме во Канада и Австралија и токму сега упатувам апел до сите наши сограѓани таму да го искористат своето право и да се попишат“, изјави денес на прес-конференција, министерот за надворешно работи Бујар Османи.

Според Министерството за надворешно работи, попишувањето на македонските државјани во дијаспората се спроведува 15 дена и денеска е последниот ден.

ʺОд 1 март се попишуваат и вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив во странство, македонските државјани на работа во Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на нивните семејства/ домаќинствата што престојуваат во странство со наведените лица како и сите лица – државјани на Република Северна Македонија кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој“, објавија од МНР.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO