Фото: Роjтерс

С. Македонија потписник на заедничката изјава на Советот за човекови права, која ја повикува Руската Федерација за итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални и сите лица кои се незаконски или произволно лишени од слобода.

Во изјавата, потпишана од 45 други земји, се изразува загриженост за влошувањето на човековите права и основните слободи во Руската Федерација.

ʺАпсењето и следното изрекување на казната на Навални се засноваа на претходната пресуда што Европскиот суд за човекови права ја прогласи за произволна и очигледно неразумна. Тоа се случи во контекст на обид да се отруе овој руски државјанин, без настанот да биде соодветно истражен и веродостојно објаснет“, беше наведено во изјавата потпишана во рамките на 46-та седница на Советот за човекови права, цитирана од Танјуг.

Земјите потписнички се загрижени и за големиот број на самоволни апсења на демонстранти кои изразија поддршка за Навални во многу руски градови.

На списокот на држави потписнички се вклучени и Црна Гора, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO