За бизнисменот Орце Камчев ќе биде побаран притвор, потврди за МИА, обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

За потсетување, Камчев беше приведен утринава откако беше побаран притвор поради сомнение за бегство.

Тој во моментов е на распит кај судија по претходна постапка, и се очекува одлуката.

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот ʺИмперија“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во ʺПлацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO