Фото: Роjтерс

Серхио Агуеро го постигна својот прв гол во англиското фудбалско првенство по 14 месеци, а лидерот Манчестер Сити го победи Фулам со 3:0 во 28-то коло од Премиер лигата. Со овој успех, воспитаниците на Хосеп Гвардиола собраа 71 бода и натрупаа водство од 17 бода пред вториот Манчестер Јунајтед, кој има два натпревари помалку.

Лондончаните на кои им требаше нерешено за да се искачат над зоната за испаѓање, го задржаа противникот во првото полувреме, но паднаа веднаш по паузата и примија гола за 14 минути. Дефанзивецот Џон Стоунс отвори со удар од близу по додавањето на Жоао Кансело во 47-та минута, а десет минути подоцна Габриел Жесус удвои по грешка во одбраната на соперникот. Во 61-та минута, Серхио Агуеро погоди од пенал, по прекршокот на Тосин Адарабиојо над Феран Торес во казнениот простор и ја прекина сушата од голови од 417 дена за да го запише својот 181 гол за тимот на Сити. Фулам остана со 26 бода на 18-то место.

„Се обидовме да го отежниме најдобриот тим во Европа и во нашата лига. Мислам дека успеавме до голема степен, но примивме лесни голови по паузата. Ги замолив момците да бидат смели и да покажат што можат. Во долги периоди успевавме, но головите во нашиот гол беа навистина многу глупави “, прокоментира менаџерот на Фулам, Скот Паркер.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO