Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Економскиот форум  во Тирана го издигна на ниво на нов услов билатералниот спор со Софија, порачувајќи дека  Македонија за него треба да најде „заеднички прифатливи решенија со Бугарија“.

ʺКомисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на преговорите со ЕУ се исполнети сите услови, благодарение на важните реформи во изборниот закон, владеење на правото и во судскиот систем, вклучувајќи го и ветингот на судиите и обвинителите. С.Македонија го одржува темпото на спроведување на ЕУ реформите, но важно е брзо да се најдат заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, рече во обраќањето Вархеји.

Тој потсети дека ЕУ ветила дека целиот регион на Западен Балкан ќе биде дел од Унијата, но и дека нивните партнери во регионот ветиле дека ќе испорачаат реформи за тоа да стане реалност.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO