Вечерва ќе се играат првите натпревари од осминафиналето во Лига Европа, а без никакво сомнение најголем интерес предизвикува дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Милан.

Специјалистите им даваат предност на ʺцрвените ѓаволи“, кои се во одлично расположение по победата над градскиот ривал Манчестер Сити минатиот викенд. Во Милан, меѓутоа се максимално мотивирани да ги израдуваат своите навивачи со успех на европската сцена и ќе дадат се од себе за позитивен резултат на ʺОлд Трафорд“.

Двете екипи се сретнале досега вкупно 10 пати на европски турнири. Последниот меч меѓу нив беше во 2010 година и сигурно носи лоши спомени за ʺросонерите“, кои беа поразени со 0: 4 и со вкупен резултат 2: 7 беа елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите. Љубопитно е, дека тогаш во составот на Милан беше Дејвид Бекам, кој се соочи со неговиот матичен клуб.

Арсенал излегува против познат противник. Пред една година, ʺтопџиитеʺ беа елиминирани во 1/16 финалето во Лига Европа од Олимпијакос по продолженијата и сега се жедни за одмазда. Пјер-Емерик Обамејанг беше анти-херојот за тимот од Северен Лондон со неверојатна грешка во последен момент и сигурно ќе сака да се реваншира во Грција.

Осминафинале во Лига Европа:

Од 19:55 часот:

Ајакс – Јанг Бојс

Динамо (Киев) – Виљареал

Манчестер Јунајтед – Милан

Славија (Прага) – Ренџерс.

Од 22:00 часот:

Гранада – Молде

Олимпијакос – Арсенал

Рома – Шахтјор Доњецк

Тотенхем – Динамо Загреб.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO