Фото: Роjтерс

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денес откри дека неговата земја нема да го достигне поставувањето на 10 милиони вакцини против Ковид-19 седмично следниот месец.

На прашање за ефектот од вакцинациите, Јенс Шпан во утринскиот блок на телевизија ZDF кажа дека во групата на луѓето над 80 годишна возраст веќе се гледаат првични успеси.

Тој меѓутоа предупреди на премногу големите очекувања за започнување на вакцинации од општите лекари од месец април. ʺБројот на вакцинираните нема да нараснат до 20 милиони на месец или дури до десет милиони седмично“, кажа политичарот од ХДУ.

ʺВо април ќе има многу повеќе вакцинации, но сè уште не во такви размери“, посочи тој за ZDF.

Изјавата на Шпан доаѓа откако минатиот викенд министерот за финансии на земјата, Олаф Шолц прогнозира, дека во крајна сметка Германија ќе го достигне тоа ниво на вакцинирање во наредните месеци.

Треба да се има во предвид, дека во текот на минатата седмица во цела Германија беа поставени помалку од 1,5 милиони вакцини против коронавирус.

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан исто така ги отфрли критиките кон управувањето со коронавирусната криза. Има ʺповеќе од доволно“ брзи тестови за коронавирус, посочи министерот за здравство.

ʺНемаме застој во однос на бројот на достапни тестови, но инфраструктурата ќе се прошири во следните неколку дена“, посочи тој, но додаде: ʺВо некои региони и области, тоа беше спроведено успешно во понеделникот и во текот на следните дни ќе следат уште неколку.Тогаш имате ʺширока инфраструктура за тестирање“ за граѓаните.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO