Порто се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, иако загуби на реваншот со Јувентус со 2: 3 по продолженијата на ʺАлијанц Стедиам“.

Првиот натпревар во Португалија заврши со резултат 2: 1 во корист на ʺзмејовите“ и така поради повеќе голови на туѓ терен, тимот на Серхио Консеисао го донесе првото изненадување во осминафиналната фаза на натпреварувањето.

Серхио Оливеира отвори за Порто од пенал во 19-та минута.

Со двата гола на Федерико Киеза, Јувентус направи пресврт на 2: 1.

Порто го заврши натпреварот со човек помалку по двата жолти картони на Мехди Тареми.

Во додаденото време на второто полувреме, првиот гол на Мората беше поништен поради офсајд, а ударот на Квадрадо ја погоди гредата. На крајот се стигна до продолженија, каде што драмата беше целосна. Порто стигна до израмнување по директен слободен удар на Оливеира. Набргу потоа, Адриен Рабио погоди со глава по корнер и покрај неколкуте мешаници пред шеснаесетникот на гостите, Јувентус не стигна до четвртиот гол и така втора година по ред си тргнува разочаран уште во осминафиналето на Шампионската лига. Минатата година тимот испадна од францускиот Лион.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO