Фото: Роjтерс

Германската канцеларка Ангела Меркел прогонозираше денес дека следните три до четири месеци ќе бидат предизвикувачки во однос на коронавирусната пандемија.

Одговарајќи на прашања на видео конференција со германските граѓани, таа ги повика да се придржуваат до правилата што се во сила за да се ограничи распостранувањето на Ковид-19.

Таа додаде дека ќе бидат потребни најмалку уште три месеци за да може вакцинацијата против коронавирусот да има опипливи ефекти.

Претходно денес, германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека земјата најверојатно нема да ја исполни својата цел да вакцинира по 10 милиони луѓе седмично во април.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO