Фото: Роjтерс

Трилиони долари или евра ќе бидат неопходни за заштита на природата, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател за прашањата на животна средина Џон Кери.

ʺЕУ е наш најдобар партнер во тој однос, треба да ги обединиме силите“, додаде тој по пристигнувањето во Европската комисија.

Кери е првиот претставник на новите власти во Вашингтон кој го посетува Брисел.

ʺНемаме подобри партнери од нашите пријатели во Европа и ЕУ. Затоа е важно денес да го согласуваме тоа, кое што ќе го правиме, бидејќи ниту една земја не може сама да ја реши оваа криза. ʺЌе се неопходни трилиони долари, евра или која и да било валута, но секоја економска анализа јасно покажува дека е поскапо да не се одговори и да не се направи тоа, кое што треба да се направи“, рече тој.

 

Кери беше пречекан од извршниот потпретседател на Комисијата, која одговара за климата Франс Тимерманс. Потоа се вклучи во редовното заседание на комесарите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO