Фото: Роjтерс

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп има целосна поддршка од сопствениците на Ливерпул и покрај слабата форма на ʺцрвените“ во Премиер лигата оваа сезона.

Ливерпул се наоѓаат невидена серија од шест последователни порази на домашен терен во Лигата и паднаа на осмото место во поредокот, а се чини се поверојатно, дека нема да можат да ја завршат сезоната во топ 4 и да играат во Лигата на шампионите следната сезона.

Сепак, шефовите на клубот воопшто не размислуваат да го заменат Клоп и тој ќе ја задржи функцијата, соопштува ʺДејли телеграф“. Според изданието, раководството на ʺцрвените“ го смета моменталниот учинок како аномалија во позитивниот развој на Ливерпул под водство на Клоп во последните пет години.

Германскиот специјалист ќе добие и финансиска поддршка за трансфери на лето за да го обнови својот состав, но сè уште не е јасно колкав ќе биде трансфер буџетот на тимот со оглед на последиците од пандемијата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO