Атлетико и Реал завршија нерешено во дербито на Мадрид, одиграно на стадионот ʺВанда Метрополитано“.

Натпреварот во шпанската престолнина заврши со резултат 1: 1, а домаќините можат да жалат што не освоија три бода откако водеа во резултатот до самиот крај. Луис Суарез постигна гол за водство во 15-та минута по асистенција на Маркос Јоренте.

Белиот балет го подобри своето ниво за време на натпреварот и на крајот беше награден за напорите во 88. минута кога напаѓачот Карим Бензема, кој се врати по повредата, влегувајќи во игра како резерва и му го донесе бодот на Реал.

Атлетико ја задржа предноста пред градскиот ривал на пет бода разлика, а имаат натпревар помалку.

Фудбалерите на Диего Симеоне водат со три бода разлика пред втората Барселона, која има натпревар повеќе.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO