Јувентус го победи Лацио со 3:1 во натпревар од 26 коло во Серија А. Торинчаните покажа дека можат да постигнуваат голови и без нивната голема sвезда Кристијано Роналдо, кој пред натпреварот се здоби со полесна повреда и го започна натпреварот на клупата, појавувајќи се во игра во второто полувреме.

Лацио поведе во 14. минута со голот на Хоакин Кореа од далечина. Малку подоцна, Милинковиќ-Савиќ можеше да постигне втор гол за ʺорлите“, но голманот Шчесни одбрани. Јувентус израмни во 39 минута кога Адриен Рабио реализираше по асистенција на Алваро Мората.

Во второто полувреме домаќините направија целосен пресврт со двата гола на Мората. Во 57-та минута шпанскиот напаѓач погоди за 2:1 по асистенција на Федерико Киеза, а две минути подоцна судијата досуди пенал за Јуве и Мората беше прецизен од белата точка за конечни 3:1.

Во 69-та минута херојот на овој натпревар Мората, кој до неодамна лекуваше од болест, му го отстапи местото на Кристијано Роналдо. Лацио можеше да ја врати интригата во 76 минута, но ударот на Чиро Имобиле вешто го одбрани Шчесни.

Јувентус е трет на табелата со 52 бода, седум помалку од лидерот Интер. Лацио е седми со 43 бода.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO