Фото: Роjтерс

Швајцарија денеска гласа на референдум за тоа дали да биде забрането покривањето на лицето на јавни места.

Доколку граѓаните ја поддржат иницијативата, ќе биде забрането носењето на бурка и никаб на јавни места.

Доколку биде одобрена, забраната ќе важи како за жителите земјата, така и за странците. Исклучоци се предвидени само за местата за религиозно поклонување, како и кога покривањето на лицето е неопходно од медицински причини, од безбедносни причини или поради климатски услови.

Иницијативниот комитет за спроведување на референдумот наведува дека криењето на лицето на јавни места е во спротивност со ʺлибералниот дух на соживот во општеството“.

Владата и повеќето членови на парламентот се спротивставија на воведувањето на ваква забрана. Тие сметаат дека покривањето на лицето е реткост во Швајцарија и дека станува збор главно за туристи кои се привремено во земјата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO