Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека усвојувањето од американскиот Сенат на неговиот законски проект за економска помош во висина од 1,9 трилиони американски долари означува, дека повеќето Американци ќе започнат да добиваат помош од 1400 американски долари уште овој месец, пренесе агенцијата Ројтерс, цитирана од БТА.

Бајден кажа дека одредбите на законот ќе го забрзаат производството и дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19

Претседателот ја даде оваа изјава синоќа во Белата куќа откако законскиот проект за Американскиот спасувачки план беше одобрен во Сенатот со само еден глас повеќе – со 50 наспроти 49 гласа.

Бајден изјави дека над 85 проценти од американските домаќинства ќе добијат исплата. Семејствата со две деца кои имаат годишен приход од 100.000 УСД ќе добијат по околу 5.600 УСД

За време на дискусиите во Сенатот, законот претрпе голем број измени и ќе биде вратен на Претставничкиот дом за одобрување во својот нов вид.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO