
Фото: Роjтерс
Поранешниот број еден на машката тениска ранг-листа на АТП Роџер Федерер денеска изјави дека има намера да се врати на теренот во официјално натпреварување следната недела на турнирот Катар Опен во главниот град на Емиратот Доха.
Ова ќе биде прво учество за 20-кратниот шампион од Грен слем по пауза од една година.
Швајцарецот не играше од поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен во 2020 година, од кога двапати беше опериран во коленото.
ʺПомина една година од моето последно патување на кој и да било настан во светот на професионалниот тенис и јас сум многу возбуден“, изјави Федерер на Твитер од аеродромот пред неговото патување во Доха.
ʺТоа е може би и моментот да им се заблагодариме на сите оние луѓе што го овозможија тоа.
Патот беше долг и тежок. Сè уште не сум во оптимална состојба, но добро сум.
ʺТренирав добро во последните неколку седмици и денови и исполнет сум со ентузијазам”, рече Федерер.
По отвореното првенество на Катар, Федерер треба да игра на турнирот Dubai Duty Free во соседниот нафтен емират Дубаи една недела подоцна, пред да се врати во Европа за сезоната на црвените терени.
