Фото: Роjтерс

Словачка нема намера да се откажува од користењето на руската вакцина против коронавирус ʺСпутник V“ и не планира да ги врати веќе добиените дози од препаратот назад во Русија. Ова го изјави премиерот на земјата Игор Матович на својата Фејсбук страница.

Тој истакна дека Словачка е неразделен дел на ЕУ, но нема да се откажува на таа основа од ʺквалитетна вакцина само затоа што е произведена во Русија“. Првата партида од руската вакцина пристигна во Словачка во понеделникот. Решение за користење на ʺСпутник Vʺ без регистрација во ЕУ е издадено од Министерството за здравство на земјата.

Се очекува процесот на вакцинирање со неа да започне по две седмици. Тоа се должи на завршувањето на формалностите предвидени во националното законодавство.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO