ʺДаунинг стритʺ потрошил повеќе од 2,6 милиони фунти за да опреми нова просторија за брифинзи. Плановите се да се одржуваат дневни прес-конференции емитувани на телевизија, како што се оние во Белата куќа, од портпаролката на премиерот Алегра Стратон.

Од канцеларијата на премиерот Борис Џонсон изјавија дека парите се потрошени во името на општествените интереси и на тој начин ќе се зголеми отчетноста на владата пред луѓето и транспарентноста во нејзината работа. Опозициските лабуристи, меѓутоа, рекоа дека овој расход е типичен пример за ʺискривените приоритети на Џонсон“.

Сосема наскоро, меѓу другото беа лансирани и планови за преопремување на ʺДаунинг стрит 10ʺ, вклучително и можност за надворешно спонзорство, кое ги иритираше многу Британци.

Што се однесува до плановите за претворањето на ʺДаунинг стритʺ во сала за секојдневни прес-конференции, идејата е да биде полето за изјава на портпаролот на премиерот Алегра Стратон. Таа е поранешна новинарка која играше голема улога како шеф на стратешкиот тим за комуникации на министерот за финансии Риши Сунак.

Како политички назначен советник, а не како непристрасен јавен службеник, очекувањата се Стратон да ја брани владата и да ја напаѓа опозицијата, објави утрово Гардијан.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO