ʺПреговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија веројатно нема да започнат до крајот на оваа година. Зависи од тоа што ќе се случи во нашата земја по 4 април“, изјави новинарот и аналитичар Николај Крстев во предавањето ʺСветот е бизнисʺ на бугарската „bloombergtv“.

ʺЦврстината што се забележува во бугарската политичка елита во моментот дава основа да сметаме, дека работите не можат да се случат толку брзо во однос на преговорите“, посочи Крстев.

Тој ја истакна дека е неопходен ʺспокоен дијалог“ и ʺспокојни преговори“ меѓу бугарските политичари и нивните колеги во Северна Македонија.

ʺВо односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да има доверба и спокоен дух“, потенцира Крастев.

Друга тема, која Крастев ја засегна и темата за односите меѓу Србија и Косово.

ʺИграта на Европската унија е да има дијалог и да се најде трајно решение за конфликтот меѓу Белград и Приштина“, смета новинарот.

Крстев ја коментираше и посетата на Мирослав Лајчак, највисокиот претставник на ЕУ во регионот. Тој истакна дека Бугарија има одделни фигури, но нема таков висок дипломат да работи во име на Унијата за вакви клучни региони.

ʺБугарија би можела да се избори да има свој претставник, и тоа висок претставник во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во врска со Албанија, Крстев посочи дека следуваат ʺинтересни“ избори во земјата во услови на политичка криза меѓу претседателот Илир Мета и премиерот Еди Тама. ʺОстанува да видиме дали социјалистите на Рама ќе го повторат својот мандат“, изјави гостинот.

ʺАлбанија долго време е членка на НАТО и е еден од гарантите за безбедноста во регионот.

Крстев исто така истакна дека според косовскиот лидер, постои можност за одржување референдум за обединување со Албанија, доколку Србија не го смени својот став.

ʺНа балканската шаховска карта има многу потези што може да се разигруваат. Прашањето е дали овие потези носат стабилност.ʺ


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO